Дома Фудбал Нов рекорд за легендарниот Буфон: Џиџи избори до 300!

Нов рекорд за легендарниот Буфон: Џиџи избори до 300!

Јувентус во финалето од Купот славеше против Милан со 4:0, а на голот на „Старата дама“ по 55. пат во кариерата беше Џанлуиџи Буфон.

„Бјанконерите“ интересно е што не примија ниту еден гол во текот на ова натпреварување, по четврти пат во низа дојдоа до трофеј во купот, а Буфон запиша и неверојатно достигнување.

Имено, 40-годишниот чувар на мрежата синоќа по 300. пат во кариерата ја сочува мрежата на Јувентус, пренесува „Тутоспорт“.

Кога ќе погледнете во бројот на запишани настапи, доаѓате до заклучок дека нешто помалку од 4% од настапите успеал да прими погодок, што е навистина импознантно.

Џиџи веќе оддржува неколку рекорди, голманот со најдолга низа без примен погодок во Серија А, најмногу врзани дуели без примен погодок во лигата, како и најмногу дуели пред примен гол во една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…