Дома Фудбал Англија Нов проблем за Јунајтед: Заврши сезоната и за Варан!

Нов проблем за Јунајтед: Заврши сезоната и за Варан!

Oткако Тен Хаг остана без Лисандро Мартинез до крајот на сезоната, сега за Манчестер Јунајтед стигна уште една лоша вест. Сезоната е завршена и за Рафаел Варан.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Варан како што стојат работите нема да биде подготвен да се врати пред крајот на сезоната по повредата која ја заработи во четвртфиналниот натпревар против Севиља во Лигата на Европа.

По спаднување на отокот и направените снимки проценето е дека за опоравување на Французинот му се потребни шест недели што значи Тен Хаг нема да го има на располагање во завршницата од сезоната.

Без Мартинез и Варан, Тен Хаг ќе има сериозен проблем во одбраната, посебно и поради критиките кои ги добива Хари Мегваер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…