Дома Фудбал Нов натпревар од Серија А пред одложување?

Нов натпревар од Серија А пред одложување?

Натпреварот помеѓу Лацио и Торино е доведен под знак прашалник поради заразени во гостинскиот тим.

Како што е соопштено, во Торино денес ќе направат нови тестирања, но тешко дека ќе биде можно двете екипи да го играат утрешниот натпревар во Рим.

За викендот веќе беше одложен натпреварот кој Торино требаше да го игра против Сасуоло и тој е поместен за 17. март, па одложувањето и на овој натпревар би донело проблеми во распоредот.

Средбата Лацио – Торино е закажана за утре од 18:30 часот, а до крајот на денот ќе се знае конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…