Дома Фудбал Нов договор и двојно поголема плата за Фернандеш

Нов договор и двојно поголема плата за Фернандеш

Манчестер Јунајтед започна преговори со агентот на Бруно Фернандеш за продолжување на договорот, пренесуваат медиумите на Островот.

27- годишниот играч за врска би требало да инкасира околу 220.000 евра неделно. Во овој момент неговите примања се 110.000 евра, па е еден од најмалку платините фудбалери на „Олд Трафорд“.

Фернандеш дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон пред точно две години за 55 милиони евра, и се етаблираше во клучен фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Португалецот ќе добие „награда“ за добрите партии и двојно поголема плата, а треба да стави потпис на договор до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричардс го отпиша Ѓокереш? „Арсенал мора да бара повеќе голови“

Мика Ричардс смета дека Ѓокереш добил доволно шанси, но не ја оправдал довербата. Според н…