Дома Трансфер зона Ново лето, нов рекорд: Погледнете колку потрошија клубовите од Премиер лигата ова лето

Ново лето, нов рекорд: Погледнете колку потрошија клубовите од Премиер лигата ова лето

premier liga

И како што оди по традиција во последните години, ново лето, нов рекорд во Премиер лигата.

Имено, англиските клубови ова лето на засилувања потрошија 1.4 милијарди фунти. Доколку се земе предвид и дека во финишот од преодниот рок не успеаа да се реализираат некои големи трансфери оваа сума многу лесно можеше да биде и поголема.

Најскап трансфер беше оној на Ромелу Лукаку од Евертон во Манчестер Јунајтед за околу 75 милиони фунти. Клуб кој најмногу потроши очекувано е Манчестер Сити, потоа следи Челзи, па Евертон, кој интересно се најде пред Манчестер Јунајтед.

Но да погледнеме малку и во долниот дел на оваа табела, најмалку трошеше Стоук, „само“ 25 милиони фунти, а бидејќи продадоа фудбалери во вредност од 33 милиони фунти, тие од ова лето се во плус со осум милиони фунти.

Екипата на Свонси која го продаде Гифли Сигурдсон на Евертон беше тимот со најголема заработка, „лебедите“ преодниот рок го завршија со заработка поголема од 30 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во финишот од преодниот рок сака засилување од Челзи

Германски „Спорт1“ објави дека Баерн Минхен планира бомба за крајот на преодниот рок, а то…