Дома Македонски спорт Мак фудбал Ново засилување во Штип: Репрезентативец на Јамајка потпиша за Брегалница

Ново засилување во Штип: Репрезентативец на Јамајка потпиша за Брегалница

Напаѓачот Колин Андерсон од Јамајка е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24-годишниот Андерсон кој е репрезентативец на Јамајка, доаѓа од редовите на фудбалскиот клуб Кавалиер од Јамајка, а претходно има настапи и за ФЦ Арнет Гарденс исто така во домашниот шампионат. Андерсон досега има два официјални настапи за репрезентацијата на Јамајка.

Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …