Дома Фудбал Новото засилување на Милан: Дојдов во клуб кој има седум титули во ЛШ

Новото засилување на Милан: Дојдов во клуб кој има седум титули во ЛШ

Денес Милан го претстави младиот норвешки фудбалер Јенс Петер Хауге.

Хауге ги воодушеви луѓето во Милан во натпреварот одигран пред седум дена, во тој натпревар постигна прекасен гол и забележа асистенција. Тој натпревар беше доволна препорака во Милан да реагираат и да го доведат. За неговите услуги на тимот на Бодо/Глимт Милан исплати сума од пет милиони евра.

„Милан е еден од најголемите клубови во светот, дојдов во клуб кој има седум титули во Лигата на шампионите и е креиран да победува и освојува титули. Чувствувам дека ќе можам да дадам свој допринос и со нетрпение чекам да почне новата авантура. Тажен сум што си заминувам, но од оваа зделка сите три страни – јас, Бодо/Глимт и Милан на крајот бевме задоволни“, изјави Хауге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова мака за Баерн: Мусијала повторно повреден, се најавува долга пауза

Баерн потврди дека Џамал Мусијала има повреда на десниот бутен мускул. Клубот не одреди ро…