Францускиот напаѓач, Оливие Жиру се повреди на пријателскиот меч против Велс во Париз, кој се одигра во петокот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
31-годишниот Жиру на споменатиот меч беше стрелец на вториот погодок за конечни 2:0 во 71. минута, но само две минути подоцна беше приморан да излезе од игра поради непријатниот удар кој го претрпи.
Од Фудбалскиот сојуз на Франција веќе порачаа дека Жиру ќе го пропушти претстојниот пријателски меч против Германија кој се игра во вторник во Келн, а оваа вест е проблематична и за Арсен Венгер.
Арсенал за седум дена го очекува лондонското дерби против Тотенхем, но се уште не е познато дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.