Дома Фудбал Останато Нови информации за Серхио Рико: Состојбата се уште е тешка и сериозна

Нови информации за Серхио Рико: Состојбата се уште е тешка и сериозна

Според последните информации резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико се уште е во тешка животно загрозувачка состојба.

Рико е во болница од 28-ми мај откако доживеа несреќа при пад од коњ и се здоби со сериозни повреди на главата.

Голманот се наоѓа во болница во Севиља под седативи и докторите полека ги отстрануваат за да видат како ќе реагира 29-годишниот Рико. Според најавите денес треба да му биде извршен нов преглед на главата.

„Постојат охрабрувачки знаци, меѓутоа мораме да бидеме премногу внимателни, ситуацијата се уште е сериозна“, изјавил извор од болницата за шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Јувентус направија скандал против Аталанта, клубот остро го осуди однесувањето

Една група навивачи на Јувентус на стадионот Алијанц одбија да учествува во минутата молче…