Дома Македонски спорт Нови детали: Фенербахче на Ангеловски му понудил договор на три години

Нови детали: Фенербахче на Ангеловски му понудил договор на три години

Реномираниот турски весник „Фанатик“ денес пренесува нови информации за ситуацијата помеѓу Игор Ангеловски и Фенербахче.

Како што тврди „Фанатик“ пред Ангеловски е договор на три години, меѓутоа не се открива ништо кога се финансиските детали во прашање. И тука се наведува она од пред неколку дена дека Ангеловски е во најтесниот круг кандидати за нов стратег на турскиот гигант.

Се наведува дека навивачите не се баш најзадоволни што Ангеловски е еден од главните фаворити затоа што претходно првиот човек на клубот и ветувал големо тренерско име.

За Ангеловски пишува и познатиот италијански новинар, Николо Шира кој посочува дека покрај Ангеловски во игра се Ралф Рагник и Пауло Фонсека. Меѓутоа се потенцира дека со со двајцата стратези преговорите се стопирани и во овој момент во предност е Мрме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…