Дома Фудбал Останато Нови детали за грабежот во домот на Ди Марија: Аргентинецот оштетен за 500.000 евра

Нови детали за грабежот во домот на Ди Марија: Аргентинецот оштетен за 500.000 евра

Од утрово актуелна тема во спортските медиуми е грабежот во домот на Анхел Ди Марија.

Додека ПСЖ играше натпревар против Нант крадци влегле во домот на фудбдбалерот на Ди Марија. Медиумите пренесуваа дека дури станувало збор и за киднапирање на неговото семејство.

Дека работата била сериозна покажува и тоа што веста стигна до спортскиот директор Леонардо кој го извести Покетино, а тој веднаш го замени Ди Марија за Аргентинецот да се упати кон неговиот дом.

Сега се појавија нови детали. Според последните информации сепак не станувало збор за киднапирање. Наводно, крадците „оперирале“ на горниот спрат од вилата, додека семејството на фудбалерот било на долниот.

Сторителите си заминале со богат износ и предмети во вредност од 500.000 евра.

МОМЕНТОТ КОГА ДИ МАРИЈА БЕШЕ ЗАМЕНЕТ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алиоски со емотивна порака се збогува од Лидс🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски денес преку видео порака се збогува со навивачи…