Дома Видео Новинар му честиташе Божиќ на Јокиќ, а тој одговори: Не е мој Божиќ…

Новинар му честиташе Божиќ на Јокиќ, а тој одговори: Не е мој Божиќ…

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар во НБА лигата и покажа зошто во овој момент е веројатно кошаркарот со најдобра форма во светот.

Против Феникс, натпревар кој Денвер го доби по едно продолжение (128:125), Јокиќ оствари трипл-дабл со 41 поен и по 15 скокови и асистенции.

Во интересна ситуација Јокиќ се најде и по завршувањето на натпреварот кога разговараше со американски новинар.

Новинарот на крајот од разговорот на Јокиќ му порача „Среќен Божиќ“, но кошаркарот одговори: „Не е мој Божиќ, но ви посакувам на вас среќен Божиќ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…