Дома Останати Тенис Новинар го праша Ѓоковиќ за Косово: За мене нема гренслем турнир без драма

Новинар го праша Ѓоковиќ за Косово: За мене нема гренслем турнир без драма

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера со максимални 3:0 го совлада незгодниот Фучович и така обезбеди пласман во третото коло на Ролан Гарос.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во својот претходен меч во првото коло Ѓоковиќ предизвика бурни реакции со пораката по победата „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“. Поради по вчерашниот меч на прес-конференцијата доби прашање на оваа тема.

„Не сум загрижен за тоа што го кажав. Свесен сум дека има луѓе кои не се согласуваат со мене, тоа е така…Верувам во тоа што го кажав. Гренслем турнир без драма мене очигледно тешко може да ми се случи. Нема да зборувам повеќе на оваа тема, кажав се што имам“, изјави Ѓоковиќ.

Организаторите на Ролан Гарос истакнаа дека Ѓоковиќ нема да биде казнет за таквиот потег, меѓутоа српскиот тенисер доби предупредување да не го повтори потегот од министерката за спорт на Франција. Од друга страна Олимпискиот комитат на Косово бараше казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …