Дома Трансфер зона Нова шанса за Барселона? Бернардо Силва најави заминување од Манчестер Сити

Нова шанса за Барселона? Бернардо Силва најави заминување од Манчестер Сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва не е сигурен колку долго ќе остане во редовите на „граѓаните“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Силва најави дека во јуни ќе ги разгледува опциите за неговата кариера и не крие дека се гледа можеби и во друга средина.

„Во јуни ќе видиме што е најдобро. Фокусиран сум сега на Манчестер Сити. Договорот ми истекува кога ќе имам 31 година.

Не сакам да кријам дека мојата иднина може да биде надвор од Манчестер ако пристигне некоја примамлива понуда од голем клуб“, изјави Силва.

Португалскиот фудбалер летово беше блиску до преселба во Барселона, но каталонскиот клуб се откажа од трансферот поради преголемата сума на пари што Сити ја бараше за обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…