Дома Фудбал Италија Нова тешка повреда на ѕвездата на Наполи

Нова тешка повреда на ѕвездата на Наполи

Напаѓачот на Наполи, Аркадијуш Милик се здоби со нова тешка повреда на коленото. Полскиот репрезентативец на натпреварот со СПАЛ го скина предниот вкрстен лигамент на десното колено.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милик во победата на Наполи над СПАЛ влезе на теренот во второто полувреме, но поради повредата многу бргу го напушти теренот.

Малерозниот Милик минатата година, исто така во септември, ги скина лигаментите, но на левото голено. Тогаш рехабилитацијата му траеше шест месеци.

Минатата сезоната местото на Милик во врвот на нападот го пополни Дрес Мертенс, кој одлично се снајде во таа улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити пред завршување на трансфер од речиси 100 милиони евра

Манчестер Сити ја зголеми динамиката на преговорите за привлекување на 18-годишниот талент…