Дома Фудбал Нова повреда за Французинот: Умтити во аут 5 месеци

Нова повреда за Французинот: Умтити во аут 5 месеци

Нема крај за проблемите со повредите на централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Светскиот шампион со Франција повторно има болки во левото колено и ќе продолжи со конзервативно лечење, потврдија од „Камп Ноу“.

Според весникот „АС“, рехабилитацијата на Умтити ќе биде цели 5 месеци. Тоа значи дека за него оваа сезона е завршена и нема да биде спремен ниту за 1/8 финалето од Лигата на шампиони следниот месец.

Во последните две сезони Умтити има проблем со коленото и повеќе е на рехабилитација отколку на терените, но упорно одбива да изврши оперативен зафат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нагелсман сака да го врати Нојер во репрезентацијата, но утрово доби ужасни вести од Минхен

Нојер пред две години се повлече од германската репрезентација по Европското првенство и м…