Дома Фудбал Германија Новата ѕвезда на Баерн Минхен со импресивен рекорд

Новата ѕвезда на Баерн Минхен со импресивен рекорд

Бекот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис го урна рекордот во Бундеслигата за максимална брзина во тек на еден спринт.

Откако се мерат овие вредности од 2011 година, Дејвис сега стана апсолутен рекордер.

Дејвис во мечот против Вердер Бремен трчаше со брзина од 36,51 км/ч, што го прави најбрз фудбалер во историјата, кој играл во Бундеслигата.

Претходниот сопственик на рекордот беше Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, кој трчаше со брзина од 36,19 км/ч.

Дејвис претходно пред неколку дена трчаше со брзина од 35 км/ч и тоа во дербито против Дортмунд, кога го спречи Ерлинг Халанд да постигне гол.

„Јас само си ја вршам работата на терен, не знам како се случил рекордот. Меѓутоа, многу сум среќен што сум поставил рекорд“, изјави Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Да бидеме искрени сите знаеме кога започна падот на Реал Мадрид“

Во Шпанија, посебно во Мадрид главна тема денес е катастрофалното издание на Реал против Ш…