Жозе Мурињо хит во Англија откако пред неколку дена се појави со променет имиџ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мурињо одлучи да направи радикална промена со неговиот стајлинг. На социјалните мрежи следуваа бројни коментари на сметка на новиот имиџ на Португалецот, а сега Мурињо самиот објасни како дошло до оваа промена.
Никогаш во кариерата не бил пократко шишан и ако му веруваме никогаш немало да биде ако не дошло до бизарна ситуација на фризерското столче.
„Некогаш сакам да го почуствувам ладното време на мојата глава и да направам промена. Меѓутоа овој пат не беше така. Заспав на столчето и кога се разбудив ми изгледаше толку лошо што му кажав на фризерот да ме шиша на кец“, објасни Жозе.