Луис Енрике заминување на крајот на сезоната, па јасно е дека Барселона ја очекува жешко лето во кое ќе биде направена реконструкција на тимот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите веќе на големо нагаѓаат како ќе изгледа новиот тим следната сезона. Жереми Матије и Арда Туран сигурно заминуваат, а најновата информација е дека и Хавиер Маскерано ќе го напушти „Камп Ноу“ после седум години. 33-годишниот Аргентинец наводно му признал на својот сонародник Меси дека ќе ја промени средината на лето.
Она што е сигурно дека Барселона значително ќе се засили во летниот преоден рок, а приоритет е десната бековска позиција. „АС“ наведува дека главна мета и понатаму е играчот на Арсенал, Хекотр Белерин и дека Каталонците ќе направат се за да го донесат на „Камп Ноу“.
Медиумите тврдат дека веќе е договорен трансферот на дефанзивецот на Атлетико Тео Хернандез, а главната ѕвезда би требало да пристигне како засилување во средниот ред.
Најсилно во моментов се поврзуваат со Барселона имињата на Марко Верати од ПСЖ и Филипе Кутињо од Ливерпул.