Дома Фудбал Репрезентации Ни даде два гола, а во изјавата после мечот Арнаутовиќ во мала еуфорија кажа и еден лапсус (ВИДЕО)

Ни даде два гола, а во изјавата после мечот Арнаутовиќ во мала еуфорија кажа и еден лапсус (ВИДЕО)

Македонија вчера беше декласирана од Австрија која не победи со убедливи 1:4.

Австријците беа подобри од нас во секој поглед, ништо не одеше како што треба во нашата селекција, единствено Столе Димитриевски на голот беше светла точка и само поради него не доживеавме поголем дебакл.

Напаѓачот на Вест Хем, Марко Аранаутовиќ постигна два гола, но можеше да постигне барем уште два доколку Димитриевски не беше расположен.

Арнаутовиќ после натпреварот за австриските медиуми беше искрен и порача дека Австрија во овој натпревар требало да победи со осумцифрена или деветцифрена разлика.

„Словенија ја победивме минимално, но денес требаше славиме триумф со осумцифрена или деветцифрена предност“, изјави Арнаутовиќ.

Во мала еуфорија од добрата игра на неговата селекција Аранутовиќ малку ги измеша работите и направи лапсус (осумциферена, деветцифрена), она што веројатно сакаше тој да го каже е дека требало да победат со 8:1 или 9:1.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ѕвезда на Барселона ќе паузира неколку недели поради полова болест

Играчот за врска на Барселона, Артур боледува од венерична болест гонореа, или како што е …