Дома Македонски спорт Мак ракомет Ништо од Светското првенство: Тежок пораз на нашите ракометарки во Шведска

Ништо од Светското првенство: Тежок пораз на нашите ракометарки во Шведска

Женската ракометна селекција на Македонија е поразена синоќа во реванш баражот за пласман на Светското првенство од селекцијата на Шведска со 46:27 (26:11).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шведска со вкупен резултат од 77:47 ја победи Македонија во двомечот и избори пласман на Светското првенство што на крајот од годината ќе се игра во Германија.

Во текот на целиот натпревар Шведска имаше водство, а шведските ракометарки постигнуваа гол од речиси секоја позиција.

Најефикасна на дуелот беше Луис Санд од Шведска со 9 голови, додека кај Македонија напрецизни беа Мирјета Бајрамоска и Сара Ристовска кои постигнаа по 6 голови.

Покрај Шведска на Светското првенство вечерва пласман обебзеди и Романија, која и во реваншот како гостин ја совлада Австрија со 33:24 (прв натпревар 34:29 за Романија). Другите седум реванш бараж дуели се играат утре и задутре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија доби две места во ракометната Европска лига, но уште ќе немаме директно место во ЛШ!

Македонскиот клупски ракомет продолжува да бележи напредок, а најновите ранг-листи покажув…