Дома Останати Ништо од реваншот, Кабиб одби 15 милиони!

Ништо од реваншот, Кабиб одби 15 милиони!

0

Шампионот Кабиб Нурмагомнедов одбил 15 милиони долари за нова борба со Конор Мекгрегор, барем така тврди неговиот вујко.

Мекгрегор после поразот во Лас Вегас веднаш побара реванш, но очигледно дека Дагестанецот нема намера повторно да се најде во кафез со Ирецот, па сега пореално е да дојде до борба со Фјодор Мејдевер.

„Конор повеќе не го интересира. Нема да се бори со него за било какви пари. Да, знам дека му нудат реванш, му понудија 15 милиони долари, но рече дека нема да се бори. Конор нека се бори со друг. Кабиб сака да се бори против Тони Фергусон“, изјави вујкото на Кабиб.

Борбата помеѓу Кабиб и Тони Фегусон планирана е за на пролет следната година, а после таа борба можно е Дагестанецот да се повлече.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Олимпијакос му приреди шок на Милан во Пиреа – го елиминираше уште во групната фаза од ЛЕ! (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни и последните натпревари од групната фаза во Лигата на Европа. Најголе…