Дома Фудбал Останато Ница се огласи за фудбалерот кој сакаше да скокне од мост: Безбеден е, да ја почитуваме приватноста

Ница се огласи за фудбалерот кој сакаше да скокне од мост: Безбеден е, да ја почитуваме приватноста

Фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека, бил подготвен да скокне од мостот Мањан висок 110 метри, откако неговата девојка го оставила, но за среќа сѐ завршило добро.

Имено, фудбалерот во еден момент веќе бил на оградата однадвор подготвен да скокне и да си го одземе животот. Но, спасувачката операција била успешна бидејќи сите брзо реагирале.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На лице место пристигнале професионални преговарачи, додека Ница испратила и психолог да му помогне во оваа ситуација.

„На сите ни е олеснето што денеска сѐ добро заврши за Алексис. Тој е безбеден и згрижен. Ќе продолжиме да ја почитуваме медицинската приватност и бараме од сите да ги почитуваат правата за приватност на нашиот фудбалер. Тука сме да му помогнеме, сите ние во клубот“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…