Дома Фудбал „Ниту Халанд, ниту Мбапе немаше да му помогнат на Милан како Ибра!“

„Ниту Халанд, ниту Мбапе немаше да му помогнат на Милан како Ибра!“

Поранешниот фудбалер и директор на Милан, Звонимир Бобан за италијанските медиуми потврди дека помогнал во враќањето на Златан Ибрахимовиќ во тимот.

Ибра пристигна кога Милан беше на најниски гранки, а минатата сезона „росонерите“ завршија на второто место во Серија А и оваа сезона се конкуренти за Скудетото.

„На Бадник ми заѕвони телефонот и ми кажаа дека само што сме потпишале со Златан. Тој е одличен фудбалер и личност која ѝ помогна на екипата. Ниту Халанд, ниту Мбапе немаше да ни помогнат толку многу колку што успеа Ибра. Ќе му бидем благодарен засекогаш“, истакна Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таре отворено за Леао: Фудбалот веќе не му беше приоритет

Поранешниот директор на Милан проговори за односот на Рафаел Леао кон фудбалот и откри зош…