Дома Фудбал Англија Никој не го сака Кариус

Никој не го сака Кариус

После ужасните грешки кои ги направи во финалето од Лигата на шампиони, германскиот голман Лорис Кариус доби шанса да ја врати самодовербата во Бешикташ.

На крајот на сезоната Бешикташ ќе може да го купи договорот на Кариус од Ливерпул за само 7,25 милиони фунти, но турскиот клуб нема да ја искористи таа опција.

Кариус и оваа сезона направи неколку големи грешки, па Бешикташ донел одлука да го врати голманот во Ливерпул.

Јасно е дека за него повеќе нема место на „Енфилд“, каде Алисон и Адриан се незаменливи.

Поради тоа германскиот голман ќе се најде во незгодна ситуација и ќе мора да си бара нов клуб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавир…