Дома Фудбал Англија Никој друг како Серхио Агуеро: Вакво нешто му успеало само на него!

Никој друг како Серхио Агуеро: Вакво нешто му успеало само на него!

0

Maнчестер Сити денес го одигра натпреварот против Вотфорд и на оваа средба изгледа дека „граѓаните“ „истурија“ целиот свој бес после поразот од Норвич во минатото коло.

Денес Сити победи со огромни 8:0.

Катастрофата на Вотфорд се најави уште во првата минута кога Давид Силва погоди после асистенција од Де Брујн. Веќе во седмата Агуеро од пенал зголеми на 2:0. За 3:0 се погрижи Ријад Марез во 12-тата, а три минути подоцна Бернардо Силва стрелаше за 4:0. За високи 5:0 на полувремето се погрижи Отаменди во 18-тата.

Со овие пет гола Манчестер Сити стана тимот кој најбрзо постигнал пет гола во историјата на Премиер лигата.

Голеадата продолжи на самото отварање на вториот дел, а стрелец на голот беше Бернардо Силва. Десетина минути подоцна Силва стигна и до својот трет гол.

Конечните 8:0 ги постави Кевин Де Брујн на пет минути пред истекот на регуларните 90.

Oва беше најголемата победа во историјата на Манчестер Сити во Премиер лигата, а рекорд постави и Серхио Агуеро.

Имено, Агуеро стана првиот фудбалер кој во Премиер лигата постигнал барем по еден гол во првите шест кола во најсилната конкуренција на Осторвот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ракитиќ се огласи после одењето пеш од аеродромот до дома (фото)

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се најде во голем проблем по враќањето во Барселон…