Дома Топ вести Николов: Тренерот ни кажа дека оди по семејството, а потоа го видов војничка униформа

Николов: Тренерот ни кажа дека оди по семејството, а потоа го видов војничка униформа

Maкедонскиот репрезентативец Бобан Николов во разговор за романските медиуми зборуваше за ситуацијата во Шериф Тираспол кој беше голема сензација во групната фаза од Лигата на шампионите.

Тренерот на овој клуб Јуриј Вернидуб одлучи да се приклучи на украинската војска за да ја одбрани својата земја од инвазијата на Русија. Николов истакна дека бил изненаден кога го видел својот тренер во војничка униформа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се надевам дека ќе се врати во тимот што е можно побрзо. После натпреварот против Брага ни кажа дека ќе оди да си го земе семејството и ќе се врати за три дена. Набрзо потоа ја видов неговата фотографија во војничка облека, бев изненаден, но сите ја почитуваме неговата одлука и јас го ценам тоа што го прави“, изјави Николов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…