Дома Македонски спорт Мак ракомет Николов и Начевски ќе го судат полуфиналето во Келн

Николов и Начевски ќе го судат полуфиналето во Келн

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиските двојки кои ќе судат на завршниот турнир во Лигата на шампионите. На завршниот турнир ќе учествува македонскиот шампион Вардар, а дел од четирите судиски двојки се Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Една од најдобрите судиски двојки во ракометот, Николов и Начевски, на завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе го судат првото полуфинале во кое ќе играат ПСЖ и Веспрем. Овој натпревар се игра на 3 јуни од 15:15 часот.

Актери во второто полуфинале ќе бидат ракометарите на Вардар. Нивниот дуел со Барселона ќе го судат Чесите Вацлав Хорачек и Јири Новотни.

Хрватската двојка Матија Губица и Борис Матошевиќ на 4 јуни ќе го судат натпреварот за третото место, додека правдата во финалето, кое се игра истиот ден од 18 часот, ќе ја делат Германците Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Три меѓународни злата го однесоа Белистојаноски до скопското признание

Матеј Белистојаноски е најдобриот спортист во изборот за наградите „13 Ноември“. Марин Док…