Дома Фудбал Италија Николов бил блиску до Бреша, пресудни биле советите на Пандев!

Николов бил блиску до Бреша, пресудни биле советите на Пандев!

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов денес беше промовиран во тимот на Лече.

Николов доаѓа во Лече каде што веќе игра еден македонски фудбалер, екс-репрезентативецот Леонард Жута и тоа сигурно ќе му помогне на Николов во адаптацијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На промоцијата Николов откри и дека имал понуда од Бреша, сепак после советите од Горан Пандев го избрал Лече.

„Преговарав со Бреша и бев блиску до преминување во овој клуб, но Лече е клуб со долга традиција, имаат многу сезони во Серија А и Серија Б. Проектот е амбициозен и ќе дадам се од себе да се претставам во најдобро свето. Разговорите со Лече започнаа пред околу еден месец, Горан Пандев ми кажа убави работи за овој клуб. Бев среќен што таков клуб се интересира за мене и моја желба е да останам тука долги години“.

Во Лече Николов ќе го носи дресот со број 16.

„Го избрав тој број затоа што ми носи среќа, со тој број играм и за репрезентацијата. Со Жута се знам и добар пријател ми е, веќе пиевме кафе и разговаравме за градот. Дојдов да помогнам да се пласираме во Серија А, верувам дека тимот има квалитет за такво нешто. Се запознав со соиграчите и на тренерот е да реши кога ќе играм, јас сум спремен“, изјави Николов.

Николов за Лече би можел да дебитира веќе во недела против лидерот во Серија Б, тимот на Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…