Дома Фудбал Англија Николас Пепе денеска покажа дека ќе биде огромно засилување за Арсенал

Николас Пепе денеска покажа дека ќе биде огромно засилување за Арсенал

Арсенал во второто коло го совлада Барнли со 2:1 и така стигна до втората победа во новата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Топџиите дојдоа до водство во 13. минута преку Лаказет, а гостите со голот на Барнес изедначија на 1:1.

Во второто полувреме Обамејанг во 64. минута погоди за конечни 2:1. Новото засилување на Арсенал, Николас Пепе влезе во игра на почетокот на второто полувреме и со неколку потези ги воодушеви домашните навивачи.

Пепе ова лето пристигна на Емирати за 72 милиони фунти откако претходната сезона во дресот на Лил постигна 22 погодоци и запиша 11 асистенции.

Во натпреварот против Барнли не постигна погодок, но во 77. минута со прекрасен потег исфрли два противнички играчи и покажа дел од вештините кои ги поседува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Елиминација на осум репрезентации од Светското првенство!

Токму сме на средината од завршната рунда на групната фаза од Светскиот фудбалски шампиона…