Дома Фудбал Не се само Педри и Дембеле: Чави остана без уште еден важен играч за „Ел Класико“

Не се само Педри и Дембеле: Чави остана без уште еден важен играч за „Ел Класико“


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓



Репрезентативната пауза донесе лоши вести за Барселона која остана без важен играч за „Ел Класико“.

Имено, тимот на Чави Ернандез за пресметката со Реал Мадрид во Ла Лига нема да може да смета на дефанзивецот, Андреас Кристенсен.

Кристенсен се повреди во настапот за Данска на стартот од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Данска беше подобра од Финска со 3:1, а дефанзивецот мораше да го напушти натпреварот по само 18 минути игра.

Покрај Кристенсен за „Ел Класико“, Чави сигурно нема да ги има на располагање Педри и Осман Дембеле, а неизвесни се уште Френки Де Јонг и Роналд Араухо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике фаворит за тренерското столче во ПСЖ

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓ Кристоф Галтие сино…