Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ не беше најдобар против Сарагоса во шпанскиот Куп, па само 14 пати ја допре топката за 74 минути поминати на теренот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми пишуваат дека двајца фудбалери го загрижуваат тренерот Зинедин Зидан, а тоа се Јовиќ и Марсело.
„Уште една пропуштена шанса за Лука… Неговите соиграчи повеќе и не го бараат на теренот. Полека останува без аргументи за да продолжи да бара минутажа“, објави шпанска „Марка“.
Од друга страна, шпански „АС“ објави дека Јовиќ е најслабиот играч во екипата, а исто така му замеруваат и за тоа што не знае шпански, па Лука Јовиќ мора да му преведува.
Пораката на „АС“ е дека Зидан мора под итно да ја реши „мистеријата наречена Јовиќ“.