Дома Фудбал Останато Не е се во парите: Зидан одбил договор вреден 150 милиони евра

Не е се во парите: Зидан одбил договор вреден 150 милиони евра

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и освојувач на „Златната топка“, Зинедин Зидан одбил да го преземе Ал Наср, пренесува „Foot Mercato“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Саудискиот клуб му понудил на легендарниот Французин со алжирско потекло плата од 150 милиони евра за две години, но и покрај таа сума Зидан одбил да го води клубот за кој настапува Кристијано Роналдо.

Без ангажман Зидан е од пролетта 2021 година кога се раздели со Реал Мадрид, се поврзуваше со ПСЖ, Јувентус, Марсеј и репрезентацијата на Франција, но засега се уште е слободен.

Во тренерската кариера Зидан работеше само во Реал со кој трипати ја освои Лигата на шампионите, двапати Ла Лига, Суперкупот на Европа и Шпанија и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола си заминува од Манчестер сити на крајот на сезоната, познато е кој ќе го наследи

Фудбалерите на Манчестер сити се борат за титулата во Премиер лигата со Арсенал. Иако се ч…