Дома Топ вести Не е само Ибра, уште две ѕвезди пристигнуваат во Милан

Не е само Ибра, уште две ѕвезди пристигнуваат во Милан

Италијанскиот гигант Милан катастрофално ја отвори новата сезона и моментално се наоѓа на 14-то место, па јасно е дека на „росонерите“ им се потребни засилувања во јануари.

Раководството на Милан е активно и веќе направи листа од потенцијални засилувања, а прв на списокот е Златан Ибрахимовиќ. „Росонерите“ веќе започнаа преговори со Раиола и му презентираа првата понуда, но Ибра најверојатно нема да биде единственото засилување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Милан работи на уште две големи засилувања, а станува збор за Немања Матиќ и Лука Модриќ.

„Росонерите“ се во потрага по искусни фудбалери, а на двајцата им истекува договорот на крајот на сезоната, па тоа би требало да ги олесни трансферите на „Сан Сиро“.

„Матиќ е желба  на Милан бидејќи може да донесе физичка сила и динамика во средниот ред, додека Модриќ е сон уште од летото и Бобан прави се за да го донесе во Милано“, пишува „Газета дело Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…