Дома Фудбал Англија Не е готово: Барнли има неверојатна традиција која му дава надеж на Ливерпул!

Не е готово: Барнли има неверојатна традиција која му дава надеж на Ливерпул!

Maнчестер Сити вчера го победи на гости Манчестер Јунајтед со 0:2 и дојде на чекор од освојување на шампионската титула во Премиер лигата.

Сити е во голема трка со Ливерпул, а навивачите на овој клуб најмногу се надеваа дека „граѓаните“ можат да „кикснат“ во дербито на Манчестер, меѓутоа тоа не се случи. Во последните три кола Сити влегува со бод предност и голема шанса за освојување на титулата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Следниот натпревар кој го играат „граѓаните“ е против Барнли на гости, а потоа ги чекаат средби против Лестер и Брајтон.

Иако последната голема надеж на Ливерпул беше Манчестер Јунајтед, можеби навивачите на Ливерпул имаат каква таква надеж. Причина за тоа се резултатите на Барнли од сезоната 2009/2010 па навака. Имено од таа сезона кога овој клуб играл во Премиер лигата редовно победувал клубот кој е шампион на Англија.

Во сезоната 2009/2010 овој клуб го победи Манчестер Јунајтед минимално со 1:0, потоа до 2014 не беше дел од Премиер лигата. Кога се врати го победи токму Манчестер Сити со истиот резултат, во наредната сезона повторно не беа помеѓу најдобрите.

Кога се вратија го победија Лестер со истиот резултат како ривалите од Манчестер, а во сезоната 2017/2018 во натпревар со пет голови со 2:3 го победи Челзи.

Останува да видиме дали оваа традиција на победување на актуелниот шампион од страна на Барнли ќе продолжи и оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…