Дома Фудбал Нејмар: Тешко ми е без фудбал, се борам против анксиозност

Нејмар: Тешко ми е без фудбал, се борам против анксиозност

Бразлската ѕвезда и најскап фудбалер на сите времиња, Нејмар призна дека многу му недостасува фудбалот и дека се бори против анксиозност.

Повеќе од еден месец фудбалот е стопиран поради пандемијата со коронаворус, а ѕвездата на ПСЖ се наоѓа во родниот Бразил.

И покрај фактот што Нејмар во самоизолација ужива во луксуз, сепак признава дека му е тешко без фудбал.

„Тоа што не знам кога ќе можеме да се вратиме на фудбалскиот терен, ми предизвикува анксиозност. Навистина ми недостасува фудбалот. Сигурен сум дека и навивачите сакаат што побрзо да ги видат фудбалерите на терен. Се надевам дека тоа ќе се случи што побрзо“, вели Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка го урна Велс: Халанд стави точка, Белами остана на дното

Норвешка славеше со 3-1 во Осло, а Велс веќе не може да избега од последното место во груп…