Дома Фудбал Останато Нејмар се уште не постигнал гол, а сега направил скандал во соблекувалната на Ал Хилал

Нејмар се уште не постигнал гол, а сега направил скандал во соблекувалната на Ал Хилал

Бразилецот Нејмар по три одиграни натпревари во Саудиска Арабија се уште чека на првиот гол, но во меѓувреме веќе влегол во конфликт со тренерот Хорхе Хесус, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Според информациите до конфликтот помеѓу Нејмар и Хесус дошло по натпреварот во Азиската Лига на шампиони каде што Нејмар доби жолт картон поради неспортско однесување.

Нејмар поради тоа бил критикуван од Хесус и тоа воопшто не му се допаднало. Наводно конфликтот бил толку голем што можело да дојде и до физичка пресметка.

Се шпекулира и дека Бразилецот се обратил до раководството на Ал Хилал барајќи Хесус да добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА прави историски потег: Една од најважните натпревари ќе се игра далеку од Европа

Суперкупот на Европа во 2028 година ќе се одигра во Нур-Султан, Казахстан, со што престижн…