Дома Фудбал Нејмар подготвен за Аталанта, погледнете го само тој погодок ?

Нејмар подготвен за Аталанта, погледнете го само тој погодок ?

Иако екипата на ПСЖ е ослабена поради евентуалното неиграње на Верати и Мбапе во четвртфиналето во ЛШ, добра вест е што Бразилецот Нејмар е во одлична форма.

Тој очигледно напорно работел во текот на долгата пауза во Франција што го покажа и на подготвителните натпревари, а најнов доказ дека на теренот може да го направи тоа што ќе го посака доаѓа од тренингот.

ПСЖ на Твитер објави видео на кое Нејмар шутира слободен удар, кој заврши со спектакуларен погодок.

Да потсетиме, натпреварот ПСЖ – Аталанта се игра на 12. август со почеток во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…