Дома Фудбал Останато Нејмар највреден фудбалер на светот, Роналдо го нема во Топ 10

Нејмар највреден фудбалер на светот, Роналдо го нема во Топ 10

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар во моментов е фудбалер со најголема вредност и е проценет на 229,1 милион евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Проценките се направени на основа на многу параметри, како годините на играчоте, должината на договорот, комерцијални активности и слично.

Бразилецот се наоѓа пред клупскиот колега Килијан Мбапе кој е проценет на 215 милиони евра, додека на третото место е Лионел Меси со вредност од 203,3 милиони евра.

На четврто место е ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах со вредност од 168,3 милиони, а потоа следуваат Хари Кејн (151,1 милион) и Еден Азар (148,2 милиони).

Во Топ 10 се уште Кевин де Брујн (129,4), Антоан Гризман (125,6), Пол Погба (119,3) и Филипе Кутињо (118,2) милиони евра.

Ѕвездата на Јувентус Кристиано Роналдо се наоѓа на 12-то место и е проценет на 107,3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатна приказна: Од бегалски камп до СП 2026

Светското првенство во фудбал 2026 година носи неверојатни спортски моменти, но зад светла…