Дома Фудбал Нејмар моли за да се врати во Барса, во ПСЖ немале проект

Нејмар моли за да се врати во Барса, во ПСЖ немале проект

0

Ѕведата на Пари Сент Жермен, Нејмар пет пати им се јавувал на раководните луѓе во Барселона, изразувајќи желба да се вратат на „Камп Ноу“, пренесува „Мундо Депортово“.

Нејмар ја напушти Барселона летото 2017 година и стана најскапиот фудбалер на сите времиња, откако ПСЖ за неговиот потпис плати 222 милиони евра.

Таткото на Нејмар и негов менаџер разговарал директно со претседателот на Барселона Жосеп Марија Бартомеу. „Тој е разочаран во Париз“, ги цитра зборовите „Мундо Депортиво“ додавајќи дека Нејмар се жалел дека во Париз „нема спортски проект“.

Меѓутоа, Барса бара Нејмар и неговиот татко да се откажат од претенциите кои ги имаат од клубот да добијат 30 милиони евра обештетување. Поради тоа од „Камп Ноу“ во неколку наврати до сега дале негативен одговор.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сари го прокоментира доаѓањето на Игуаин

Трансферот на Гонзало Игуан во Челзи е само прашање на време, а тоа сигурно ќе го израдува…