Дома Фудбал Репрезентации Нејмар и Рафиња го потопија Уругвај, Аргентина тешко до победа против Перу 🎥

Нејмар и Рафиња го потопија Уругвај, Аргентина тешко до победа против Перу 🎥

Одличниот Бразил стигна до 10. победа во 11. Натпревар во јужноамериканските квалификации за Светското првенство.

Бразилците играа фантастично во текот на овие квалификациии од сега ги запре само Колумбија во минатото коло одигрувајќи 0:0. Вчера Нејмар и друштвото му одржаа лекција на Уругвај победувајќи го со 4:1.

После 18 минути веќе беше 2:0, Нејмар го отвори резултатот во 10. минута, а Рафиња го зголеми водството на домаќинот. По одличната асистенција на Нејмар, Рафиња и втор пат се запиша во листата стрелци после еден час игра. Суарез од слободен удар го намали водството на Бразил во 77. минута, меѓутоа само шест минути подоцна Габриел Барбоса ги постави конечните 4:0.

Чиле исто така беше сигурен дома победувајќи ја Венецуела со 3:0. Aргентина исто така стигна до победа. „Гаучосите“ со минимални 1:0 го совладаа Перу. Голот на одлука го постигна Лаутаро Мартинез во првото полувреме. Треба да се спомене дека Јотун во второто полувреме не реализраше пенал за Перу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан размислува да го ангажира Бенатија како нов шеф за фудбал

Милан планира да го засили својот менаџмент и поранешниот дефанзивец на Јувентус, Меди Бен…