Илија Несторовски ја продолжи приказната во Италија, а негов нов клуб од неодамна е второлигашот Асколи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако се раздели со Удинезе, долго време Нестор беше во потрага по нов ангажман, на крајот Асколи победи во трката за неговиот потпис.
Асколи веќе и официјално го претстави Несторовски пред своите навивачи и тоа пред полн стадион, па така јасно му ставија до знаење дека од него очекувањата се големи.
Несторовски од 2019 година го носеше дресот на Удинезе, додека претходбо настапуваше во: Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа.