Дома Фудбал Останато Необична ситуација: Турски клуб суспендираше осум фудбалери затоа што јаделе баклава

Необична ситуација: Турски клуб суспендираше осум фудбалери затоа што јаделе баклава

Mногу често сме биле сведоци на бизарни работи во клубови каде што нема услови за сериозен фудбал, а еден таков случај ни доаѓа од поранешниот турски суперлигаш Ахисарспор.

Евреј озбеј, претседателот на овој клуб суспендирал дури осум играчи, а причината е несекојдневна.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тек била претседателската кампања за нов претседател во клубот. Неговиот противник Микаил Каплан така ги повикал фудбалерите на средба и дружање. На средбата тој донел и баклава како поздрав. Од баклавата јаделе само осум фудбалери кои не очекувале дека тоа ќе им донесе проблем.

Евреј одлучил да ги суспендира фудбалерите на неопределено затоа што смета дека со јадењето од баклвата покажале „нелојалност“ кон него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…