Дома Фудбал Останато Необичен гостин во тренинг центарот на Реал – Лионел Меси!

Необичен гостин во тренинг центарот на Реал – Лионел Меси!

mesi

Oфицијално и потврдено, ситуација каква што тешко дека ќе се повтори.

Лионел Меси ќе биде во составот на Аргентина за двете пријателски средби на „гаучосите“  против Италија и Шпанија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со ова станува јасно дека ќе видиме една необична ситуација. Аргентина за натпреварот против Шпанците ќе се припрема во тренинг центарот на Реал Мадрид, па така Меси ќе има прилика да се запознеа со условите за тренинзи на големиот ривал од Мадрид.

Ќе се сретне со Зидан кој јасно ќе ги тренира фудбалерите кои немаат репрезентативни обврски, а такви во Реал има навистина малку, па на тренингот ќе се приклучат и дел од младинскиот тим на „кралевите“.

Меси во тренинг центарот на Реал ќе помине три дена, поточно ќе одржи неколку тренинзи пред натпреварот на 27 март кој се игра новиот стадион на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…