Дома Останати Кошарка Нема попуст за никого: Откриено зошто селекторот на Србија го отпиша Теодосиќ

Нема попуст за никого: Откриено зошто селекторот на Србија го отпиша Теодосиќ

После 15 години Милош Теодосиќ завчера беше отпишан од репрезентацијата на Србија затоа што не доби повик од Светислав Пешиќ за претстојното Европско првенство.

Српски „Курир“ сега објавува детали зошто Теодосиќ е изоставен. Наводно тој е пречкртан затоа што не ја почитувал сатницата за спиење и не легнувал во времето кое е предвидено за одмор.

Се наведува дека одлуката не била донесена еднострано од Пешиќ, туку тој прво се консултирал со своите соработници од струшниот штаб, па му соопштил на Теодосиќ дека нема да смета на него.

Пешиќ цврсто стоел на ставот дека Теодосиќ како капитен е првиот кој треба да биде пример и дека без оглед на статусот нема да има попуст за никого кога во прашање е дисциплината.

На сето тоа „Курир“ додава и дека од спортски аспект се појавил проблем затоа што Василије Мициќ кој е МВП во Евроглигата не функционирал најдобро на теренот со Теодосиќ, тоа било забележано и на олимпискиот турнир во Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Поранешниот капитен на Србија и кошаркар на Минесота и Милвоки ја засили Звезда пред натпреварот со МЗТ Скопје

Црвена Звезда ќе му биде домаќин на МЗТ в недела во салата „Пионир“ на стартот од новото п…