Дома Фудбал Германија Нема поголем малер: Ројс пропушта уште еден Мундијал поради повреда

Нема поголем малер: Ројс пропушта уште еден Мундијал поради повреда

Играчот на Борусија Дортмунд и на германската репрезентација, Марко Ројс поради повреда најверојатно ќе пропушти уште едно големо натпреварување, Светското првенство во Катар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ројс го повреди скочниот зглоб во 28-та минута и беше изнесен со носилки. Ова му падна многу тешко, па Ројс се расплака додека го изнесуваа од теренот, а исто така оваа повреда може да го избрише од списокот на патници за Катар.

Тоа би било дури петти пат во кариерата да не настапи на големо натпреварување повреда повреда, што е уште еден доказ за тоа колку голема малер е Ројс.

Ројс ги пропушти Европските првенства во 2012 и 2016, и тоа поради повреда во последниот подготвителен меч, додека поради повреда не играше на Мундијалот во 2014 и ЕП минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Неверојатни сцени: Халилходиќ во конфликт со навивачите на Нант

Натпреварот од последното, 34. коло на француското првенство меѓу Нант и Тулуз беше прекин…