Дома Фудбал Англија Немања Видиќ добил понуда која не се одбива

Немања Видиќ добил понуда која не се одбива


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ би можел да се врати на Олд Трафорд.

Видиќ, според пишувањето на англиските медиуми е во преговори со Јунајтед кој сака да го именува на директорска позиција.

Црвените ѓаволи веќе некое време се во потрага по човек идеален за таа позиција, а Видиќ е еден од кандидатите. Покрај него се уште Фердинанд, Евра, Ван дер Сар и Дарен Флечер.

Во случај да прифати, Видиќ ќе има плата од милион ипол, а ќе има важна улога и во трансфер политиката на клубот, односно ќе биде врска помеѓу Солскјер и управата на клубот.

Видиќ од 2006. до 2014. играше за Јунајтед и беше дел од една од најтрофејните генерации на славниот клуб кој тогаш го водеше Алекс Фергусон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…