19 годишниот Данец Симон Питилик има интересен сон – да заигра за Вардар!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Птилик играше против Еурофарм Работник во дресот на ГОГ Гудме и на битолскиот тим му даде девет гола. Во ракометна Европа ПСЖ, Барселона, Кил…важат за гиганти. Меѓутоа Јан Питилик е заљубен во Вардар и сонува да го облече црвено-црниот дрес.
„Бев еднаш во Македонија и го гледав Вардар, ме импресионираше атмосферата, салата и начинот на кој се доживува ракометот. Тоа го доживеав како дете и сонувам да заиграм таму. Долго време размислувам за тоа. Многумина сонуваат да играат во Франција, Шпанија, Германија…Јас сонувам за неколку години да играм во Вардар“, изјави Питилик.
Во Македонија Питилик беше на Светското првенство за кадети.