Дома Останати Тенис Некогаш се откажа од тенисот, а денес се избори за полуфинале на УС Опен

Некогаш се откажа од тенисот, а денес се избори за полуфинале на УС Опен

Домашната фаворитка на УС Опен, Слоун Стивенс доживеа елиминација и не успеа да се пласира во полуфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Летонката Анастија Севастова која е 18-та носителка на турнирот лесно ја победи Стивенс со 2:0 во сетови (6:2 и 6:3).

Ова беше вистинско изненадување со оглед на тоа дека Американката на актуелното издание на УС Опен го бранеше трофејот освоен минатата година.

На Летонката за победата и беше потребен еден час и 25 минути.

За Севастова ова е ќе биде прво полуфинале на еден Грен Слем турнир и ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Серена Вилијамс и Каролина Плишкова.

Треба да се истакне и дека Севастова во еден момент се повлече од играњето тенис поради големите проблеми со повредите, но сепак подоцна успеа да се врати на вистинскиот пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…