Кој ќе го наследи Шекспир на клупата на Лестер?
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Крег Шекспир денес заработи отказ од редовите на Лестер, па сега „лисиците“ се во потрага по негов наследник.
Како што пренесуваат англиските медиуми, повикувајќи се на најголемите обложувалници главни кандидати за клупата на овој англиски клуб се Роберто Манчини и Гус Хидинк.
Манчини успешно го води Зенит, додека во Премиер лигата беше тренер на Манчестер Сити. Хидинк исто така има искуство во Англија, тој своевремено беше тренер на Челзи, потоа може да се каже дека исчезна од тренерска мапа, но секако дека би можел да се проба во Лестер.
Покрај овие двајца се споменуваат уште Алан Пардју, Најџел Пирсон, Сем Алардајс...